Парк на ветерни електрани, вреден неколку стотици милиони евра, кој треба да се гради во источниот дел на земјава е првата голеѓа инвестиција во мандатот на новата Влада. Утре се очекува и официјално да биде промовирана
Паркот ќе биде изграден на тромеѓето меѓу општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе има вредност меѓу 400 и 450 милиони евра. Утре ќе го видите инвеститорот, ќе имаме заеднички настан. Тоа претставува значаен проект во делот на енергетското портфолио не само на овој крај, туку и на државата во целост, кој значително ќе го подобри перформансот на енергетските капацитети на државата. Значајно е дека за овој проект нема специјален закон, ниту загарантирана цена, туку инвеститор којшто ќе инвестира и производот ќе го пласира на слободниот пазар и тој пазар ќе диктира дали ќе биде за извоз или ќе заврши овде во Македонија. Она што е многу важно, за граѓаните и БДП ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно. Значи, македонскиот ветер ќе донесе нови 100 милиони евра на годишно ниво и вакви проекти ќе има низ целата територија на државата“, изјави премиерот Мицкоски за време на денешната посета на Штип каде присуствуваше на поставување камен-темелник на нова спортска сала.
Зад инвестицијата, според најавите, стои „Алказар енерџи“ – одржлив инфраструктурен фонд фокусиран на средни по големина проекти со обновлива енергија.





