Премиерот Христијан Мицкоски смета дека не е решение Владата да преземе одговорност и сега да ја почне постапката за набавка на автобуси за ЈСП од државниот буџет, која би завршила идната година.



Според Мицкоски решение може да се најде само со наменско работење на Јавното сообраќајно претпријатие.

„Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот гласајте за кредит да земеме за да набавиме автобуси кои што ќе стигнат догодина тоа не го решава проблемот кој што денеска го имаат скопјани.

Проблемот се решава со мобилизација во рамките на компанијата Јавно сообраќајно претпријатие, со вистинско, наменско трошење на средствата кои што скопјани преку градската каса му го даваат како субвенција на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје“, изјави премиерот.

Како што е познато, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска стои на идејата да се купат нови 250 автобуси завозниот парк на ЈСП.