Мицкоски: Таравари не може и во влада и со ДУИ

Неприфатливо доколку Арбен Таравари како коалициски партнер во Владата е во договори со ДУИ за настап на претстојните локални избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоскиво пресрет на закажанат средба со лидеротр на едно од крилта на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство во сегашната влада.



„Со Таравари имаме редовна, секојдневна комуникација како колеги во Владата. Утре ќе имаме средба на која јасно сакам да слушнам дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет-шест општини каде што тој ќе оди со кандидати,

ДУИ нема да има свои предлози за градоначалници. Тоа значи себепонижување како политичка партија, а второ дека ќе го поддржува.

Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на одбележувањето на 122 годишнината од погибијата на револуционерот Гоце Делчав.

За утрешната средба Мицкоски рече дека  „…јасно сакам да слушнам став – дали е точно дека има договор помеѓу Таравари и ДУИ дека во најмалк пет или шест општини каде тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да извади, што прво значи себе понижување како политичка партија а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, рече премиерот.

Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување во емисијата „360 Степени“ рече дека ВМРО ДПМНЕ не отстапува од изборното ветување дека ДУИ ќе биде во опозиција и оти доколку некој смета дека треба да соработува со нив, несомнено ќе биде во опозиција, дополнувајќи дека досега нема никаква официјална најава од Таравари дека ќе коалицира со нив, но и оти ако тоа се случи, ќе се смени и реалноста.