Мицкоски со честитки за победата на Европската народна партија

Во име на ВМРО-ДПМНЕ, со задоволство можам да упатам најтопли честитки до Европската народна партија за извонредната победа на изборите за Европскиот парламент – напиша мандатарот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.



Според него, „ова извонредно достигнување ја одразува непоколебливата поддршка и доверба што ја имаат европските граѓани во лидерството и посветеноста на ЕПП за обединета и просперитетна Европа“.

„Успехот на ЕПП е важна пресвртница, што ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме. ВМРО-ДПМНЕ е желна да ја продолжи нашата блиска соработка со ЕПП, работејќи заедно за да се справиме со итни предизвици со кои се соочува нашиот континент и да промовираме мир, стабилност, добро владеење и економски раст“, се додава во честитката на Мицкоски.