Мицкоски со незгодно прашање за Пендаровски во врска со Ахмети и Груби

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва му упати на кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски незгодно прашање за лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби.



Прашањето доаѓа откако во кампањата Пендаровски рече дека осудувал криминал.

,,Пендаровски вели осудувал криминал, тогаш јавно да го прашам дали мисли дека Ахмети и Груби се чесни и кога точно осудил криминал”, го праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски актуелниот претседател Пендаровски.

Пендаровски во вториот круг се надева на гласовите на Ахмети и Груби кои лично или преку блиски луѓе и роднини се дел од низа скандали и афери тешки милиони евра.