Мицкоски: Очекувам до крајот на годината странски инвестиции над 1 милијарда евра

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, соопшти утрово премиерот Христијан Мицкоски.



„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра. Тоа е е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и е рекорд во изминативе дваесет години. Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.