„ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроаталнските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста.
Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите, од сега па натаму одговорнoста за процесот е на Владата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на лидерската средба вечерва во Клубот на пратениците, како што пренесува 24 вести.
Тој не сакаше да одговори дали тоа значи дека опозицијата се дистанцира од процесот на национален консензус.
Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека ваквите средби се неопходни и додаде дека процесот кој се води во рамките на Обединетите нации треба да е одговорен во рамките на македонските интереси и да не биде на штета на граѓаните.





