Досегашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска беше избран за претседател на Партијата ги отфрли обвинувањата дека е нечија марионета, со оглед на тоа што беше единствениот кандидат.
Од присутните 428 делегати на Конгрес во Валандово, 376 гласаа за Христијан Мицкоски за наследник на Никола Груевски кој претходните 14,5 години беше на чело на ВМРО.
Христијан Мицкоски е трет претседател на ВМРО-ДПМНЕ по Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.
Откако се заблагодари на довербата Мицкоски, меѓу другото се осврна на атмосферата околу организирањето на Конгресот и неговиот избор за претседателЧ
„На несмасните брифирања од неименувани партиски извори дека ќе сум бил марионета ќе одговорам дека со мојата работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното. Свесен сум во каква атмофера поминува овој конгрес, со шпекулации и наметнати теми, но таква е состојбата и со политиката. Од денеска па натаму ќе се потрудам политиката да биде поинаква“ рече Мицкоски.
Мојот политички противник е СДСМ, а не поединци во ВМРО-ДПМНЕ, рече новиотлидер на најголемната опозициона партија.
На Конгресот денес досегашниот лидер Никола Груевски беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.





