Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

„Не се сретнав со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, но дури и да сум го сторил тоа, вие ќе бевте веднаш информирани“- Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали патувањето во Унгарија овозможило средба со неговиот претходник.



Јас водам политика по принципот: вистината е најточна. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас веднаш го кажувам тоа јавно затоа што нема што да кријам. Совеста ми е чиста, но исто така во име на таа вистина можам да потврдам дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се сретнувале со поранешниот премиер Груевски во Будимпешта. Наскоро ќе приложам и докази за средбите – изјави Мицкоски.