Пораката која што овде во Берлин стигна до мене е дека Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, вели македонскиот премиер Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ на маргините на таканаречниот „Берлински роцес“ што се оджа во главниот град на Германија. .



За средбата со германскиот колега, канцеларот Олаф Шолц, Мицкоски вели дека таа беше исклучително корисна, пријателска и искрена.

На средбата беа разменети позиции и ставови поврзани по овие, но и по останатите геостратешки прашања коишто се важни за македонските граѓани.

„Ние, не водиме дипломатија на свиткана кичма, туку водиме дипломатија којшто се темели на аргументи. Не водиме дипломатија со која ќе прифаќаме се што ќе ни биде поставено на маса, туку водиме дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани на нашата татковина, а истовремено и ќе работиме со нашите партнери.

Германија е наш најголем поддржувач, наш партнер и убеден сум дека заедно ќе можеме да ги надминеме сите оние предизвици коишто се исправени пред нас и дека ќе се радуваме конечно на членството на нашата татковина во рамките на Европската Унија.“, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски вели дека истата поддршка била реафирмирана и од другите лидери на влади и политички лидери кои учествуваат во Берлинскиот процесот.

Македонскиот премиер пред присутните ги презентирал и приоритетите на владата.

„Во делот на евроинтегративните процеси уште еднаш ќе го потенцирав ставот на владата дека премногу имаме, и како народ и како држава во изминатите децении дадено и дека заслужуваме шанса да ги почнеме процесите безусловно, дека заслужуваме да ги отвораме поглавјата и да ги покажеме нашите капацитети за тоа колку бргу ќе ги затвораме.

Притоа останувам подготвен да разговарам со било кого за да изнајдеме решение кое што ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај, а крајот треба да биде членство на Македонија во рамките на Европската Унија.“, изјави од Берлин премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова беше добра можност да ги преставиме нашите планови во делот на економијата и во делот на нашата амбиција да бидеме раскрсница на Балканот, во смисла на тоа да бидеме раскрсница на енергетските текови, патната инфраструктура и железничката инфраструктура, бидејќи и природно и географски, ние сме таа раскрсница на 2 важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10.“, истакна Мицкоски.

Во делот на енергетиката премиерот Мицкоски истакнал дека целта е да стане државата потполно енергетски независна.

„Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници, изјави премиерот Мицкоски.