Во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога сѐ е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една сериозна странска инвестиција во Македонија во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без привилегии, која би се движела меѓу 400 и 500 милиони евра и која ќе произведува околу 1 терават часови електрична енергија годишно. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5.

Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и претседател во најава на СДСМ, Јован Деспотовски. Тие инвеститори, како што рече Мицкоски, имаат навистина лошо искуство со него во однос на плановите да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни како инвестиции.
- „Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период и атрактивна каматна стапка. Еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж“, рече тој.

Мицкоски додаде дека во втората половина на јули ќе се направи ребалансот, а во првата половина на септември да почне децентрализацијата на финансиски средства и инвестиции во општините од 250 милиони евра, односно 125 милиони евра инвестиции во општините за втората половина од годинава. Тој во синоќешното интервју истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва.
- „Ќе има одговорност. Имаме сведоштва, посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг, кои носат докази и навистина сме шокирани. Многу од овие случаи за кои јас зборувам ги евидентираа луѓето кои беа дел од техничката влада, посебно во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи бидејќи таму бевме присутни. Има и во финансии, администрација, земјоделие“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека фронтот против криминал и корупција подразбира распуштање на републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители.
- Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж, рече тој.
Покрај инвестициите, Мицксоки најави финансиски пакет, кредит од друга држава на принципот Влада со Влада во висина од 1 милијарда евра под исклучително поволни услови со атрактивна каматна стапка. Планот е да се задржи атрактивната даночна политика со рамни даноци, а ребаланс на Буџетот не очекува во втора половина на јули.





