Мицкоски: Македонскиот идентитет се брани со потомство, традиција и љубов кон татковината

Македонскиот идентитет се брани со потомство, традиција и љубов кон татковината, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објавувајќи видео.



“Нема подобар начин од тоа да од мали години, уште од најмала возраст да ги учиме децата на македонските традиции и обичаи. Бидејќи традицијата и обичаите мора да се негуваат, тие се нераскинлив дел од македонскиот идентитет.

Ќе го вложиме секој атом енергија да работиме само и само за интересот на татковината и на граѓаните”, напиша Мицкоски.