Мицкоски: Македонија ја очекуваат години на реформи, владеење на правото и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

„Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право, години на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Оние егзибиционисти, кои се во отсуство на идеја, понижуваат и омаловажуваат, а истите тие имаа можност да застанат позади нашата политика, онаа за која ја гласаа половина милион наши граѓани, Македонци, Турци, Албанци, Роми, од различни етнички припадности во Македонија.“објави на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ и иден мандатар на Владата, по денешната прва, конститутивна седница на Собранието на Македонија.