Мицкоски: Македонија е место полно со историја и духовно наследство

Според агендата, по средбата на двајцата премиери, се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан одржаа заедничка прес-конференција. Потоа се упатија на предвидената прошетка во Охрид, и посета на црквата Богородица Перивлепта.



-Македонија има што да понуди. Ја посетивме црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Место преполно со историја и духовно наследство!, објави Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fposts%2F1131838204964771&show_text=true&width=500