Мицкоски и Филипче на ифтарска вечера кај Гаши

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, синоќа се најдоа на иста маса на ифтарската вечера организирана од претседателот на Собранието, Африм Гаши.



„Денес присуствував на ифтарска вечера. Ваквите собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста, човечноста и почитта кон различностите што не зближуваат“, објави на Фејсбук премиерот.

Филипче, пак, истакна дека Рамазанските пости нè потсетуваат на меѓусебната почит и милосрдие.

„Вечерва, на покана на претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствував на Рамазанска ифтарска вечера. Нека празникот Рамазан донесе спокојство, здравје, среќа и бериќет во секое семејство“, порача лидерот на СДСМ.