Мицкоски за Ахмети: Човекот кој „се колне во европски вредности“ покажува примитивизам

Се заостри реториката помеѓу Мицкоски и Ахмети откако лидерот на ДУИ со недолични и навредливи зборови му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „да си ја затвори устата оти ќе фати беља“. Христијан Мицкоски вели дека Ахмети одамна го преминал рубиконот и само секојдневно покажува примитивизам, недолично однесување, навредува а се колне во „европски вредности“. Според Мицкоски брзо ќе му преседнат и млекото и бисквитите бидејќи треба да се спрема за опозиција.



„Ахмети одамна го има поминато рубиконот и само покажува примитивизам.
Прво создава револт кај Албанците кои не се на страната на ДУИ, дополнително мобилизира анти-ДУИ расположение кај албанските гласачи, и мислам дека тие ќе гласаат за нас. Човекот кој се колне во европски вредности покажува едно недолично однесување, навредува, и мислам дека на сите им е јасно за каков човек станува збор. Тој го покажува својот примитивизам. Mислам дека и млекото и кексите ќе му преседнат многу скоро“, рече Мицкоски во Тема на денот, на Сител ТВ.