Премиерот Христијан Мицкоски кој е во Вашингтон по повод инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп објави видео од обраќањето на милијардерот Елон Маск и напиша: Елон Маск – визии кои го обликуваат светот.
Газдата на Икс, Тесла и на СпејсИкд еден од најбогатите луѓе во светот, со неколку „Да“ и покажувајќи ги рацете излезе на сцената во арената Капитол 1 во Вашингтон на настанот по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Некои го протолкуваа тоа како „победнички танц“ на милијардерот.
– Ќе ја однесеме (криптовалутата) ДОГЕ на Марс! Можете ли да замислите колку ќе биде прекрасно кога американските астронаути ќе го засадат знамето на друга планета за прв пат! Колку би било тоа инспиративно?! – рече Маск.
Милијардерот повеќепати повтори дека е многу возбуден за тоа што ќе донесе иднината и дека тоа ќе биде навистина златна доба на Америка како што Трамп најави во својот говор во Капитол.
Маск, кој ќе биде Министер за ефикасност во администрацијата на Трамп, го заврши говорот велејќи им на луѓето дека „ќе го испотам задникот за вас“.
Претходно, на инаугурацијата на Трамп во Капитол, Маск не можеше да се воздржи во моментот кога Трамп го спомна Марс и гестикулираше со рацете. Снимката се прошири на социјалните мрежи:





