Мицкоски: Економското стабилизирање е наш приоритет

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска присуствувал на деловен појадок на Македонско-Германското стопанско здружение.



“Наш приоритет е економско стабилизирање на државата, нешто што на Македонија и е насушно потребно. Приоритет е и да бидеме пријатели со бизнис заедницата, огромна е трговската размена помеѓу двете држави, таа надминува 5 милијарди евра.

Од статистиката и информациите со коишто располагаме, повеќе од 25 илјади македонски граѓани се вработени во компании коишто доаѓаат од Сојузна Република Германија и очекуваме тој број да расте.

Со ова денешно присуство сакаме да испратиме порака дека Владата и бизнис заедницата се партнери и така треба да продолжат да функционираат во иднина” напиша Мицкоски.