Денот е историски, заклучи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи ја информацијата дека до 14 часот биле собрани над 22 илјади потписи за кандидатот за претседател , Гордана Силјаноска Давкова. Мицкоски се заблагодари за довербата на граѓаните што во огромен број на самиот почеток од денешниот ден дале поддршка на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.
„Уште еднаш голема благодарност во овој момент според она што сум неофицијално информиран, ако се направи пресек околу 14 часот, бројката веќе е над 22.000 собрани потписи за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и очекувам до затворањето на канцелариите на ДИК и нотарските канцеларии, бидејќи во четири места собираме во нотарски канцеларии, тоа е Аеродром, Ѓорче Петров, Петровец Илинден, затоа што Аеродром собира во Центар, па за да не се создава таму гужва и метеж, затоа се користи таа можност пред нотар да се собираат потписи. Истото важи и за Ѓорче Петров, бидејќи Ѓорче Петров собира во Карпош да не се создава дополнителен метеж, се собира во нотарска канцеларија. И истото важи за Илинден и Петровец, бидејќи тие собираат во Гази Баба, за да не се создаде и онака таму има огромна редица на граѓани кои што се потпишуваат за поддршка на Гордан Силјановска Давкова, да не се направи дополнителен метеж“.
Според Мицкоски, ваквите бројки се силен индикатор за волјата на граѓаните
„На месец дена сме до официјалниот почеток на кампањата, ова се навистина силни индикатори, и исто очекувам огромна победа најпрво на 24 април, а потоа двојна победа на 8ми мај. Благодарам на македонските граѓани, им благодарам на сите оние кои излегоа се потпишаа во знак на поддршка за нејзината кандидатура. Исто така и на оние кои што не успеа денеска да дојдат и да се потпишат за кандидатката на професорката Гордана Силјановска Давкова. Но, истовремено да се заблагодарам на сите оние граѓани кои што го дадоа својот потпис и за другите кандидати до овој момент. Претпоставувам до 8ми март ќе има уште можност за некои од кандидатите кои што ги немаат исполнето условите да се потпишуваат, бидејќи на тој начин само се збогатува демократскиот процес, бидејќи знаете имавме политички партии кои што се закануваа со излезеност во вториот изборен круг доколку некои од политичките барања не бидат исполнети, што навистина нема никаква врска ниту со демократијата, ниту пак со процесите во кои што треба да се движи Македонија, рече Мицкоски.





