Мицкоски: Добрососедството не е полтронство

Однесувањето на власта кон меѓународната заедница и соседите е полтронско и поданичко однесување, а за да изградиме партнерски однос со соседите мора да имаме двонасочна улица, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клан директ“ на Клан ТВ.



– Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ. Доколку имаме вистински партнер од другата страна, тогаш Бугарија ќе биде пред свршен чин. Ако продолжиме да се однесуваме полтронски тогаш не можеме ништо да направиме. Ние дадовме најмалку три концепти како да се реши ова прашање. Подготвени сме да продолжиме да разговараме за ова и да се најде решение – изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна ВМРО-ДПМНЕ и покрај притисоците од страна на власта се спротивставило за насилниот обид од власта за промена на Устав.

– Дури и на насилен пат да се обидеа, а не успеаја бидејќи ВМРО-ДПМНЕ рече ние ќе се спротивставиме и се спротивставиме иако притисоците беа жестоки. Се спротивставивме останавме кохерентни, обединети заедно сите затоа што веруваме во ова што го прави и направи оваа Влада е погрешно. Прво ја лажеа меѓународната заедница дека ова што го прифаќаат ќе го испорачаат, второ го лажат сопствениот народ и граѓани дека со промена на Уставот, Македонија станува членка на Европската Унија, не е така, не е точно – кажа Мицкоски.

Тој посочи дека предизвиците од Преговарачката рамка допрва доаѓаат.