По отсуството на лидерот на СДСМ, Димитар Ковечевски, на митингиот на кандидатот од таа партија, Стево Пендаровски во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со констатација дека „Ковачевски се откажа од митинзите на Стево Пендаровски“.
Но, според Христијан Мицкоски, на Пендаровски, пак, поважно му е дали ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи ќе го поддржат во вториот круг.
„Затоа што друг избор нема. Човекот помина празен мандат, однесувајќи се како коментатор на политичката сцена а не претседател. Без свое јас, без свој идентитет“, вели Мицкоски.
Тој побара, како што рече, народот да му помогне на Стево Пендаровски да се исели од државата.
„Гледам вчера вели дека ќе се борел против иселувањето, а тој самиот ако се сеќавате во оние малку работи кои ги направи кажа на една прес-конференција на прашањето што ќе направи со иселувањето помалку метафорично кажа ако не бил претседател тогаш тој самиот ќе се иселел.
Ајде да му помогнеме на 24 април и 8 мај да се исели Стево Пендаровски“, порача Мицкоски, како што пренесе „Фокус“.






