Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека идната коалиција со ВРЕДИ треба да биде во духот на партнерството, а не со ултиматуми.
Тој, во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5, рече „колку што ја почитува ВРЕДИ за добиените 170 илјади гласови, бара и ВРЕДИ да ја почитува неговата партија за добиените 437.000 илјади гласови“.
„Не сакам да склучувам договори со ултиматуми.Ако сме партнери, треба да се однесуваме како партнери.
Со други зборови, ако ги почитуваат нивните гласачи, огромното мнозинство од нив Албанци, очекувам да го почитуваат огромното мнозинство наши гласачи, Македонците.
Не би сакал да дојдам до ситуација да разговараме врз основа на ултиматуми.
Тоа не е добро. Тоа е погрешно. Во партнерството треба да има дијалог, конструктивен дијалог и дијалог заснован на аргументи“.
„Никој не е против европската иднина, јас сум првиот кој сака Македонија да биде во Европската Унија, но не можам да го прифатам аргументот дека ова е на маса – земете го или оставете го. Ова е ултиматум и нема врска со европските вредности.
Јас не учествував, но ниту ВРМРО-ДПМНЕ учествуваше во договорот на тој ултиматум.
Уште повеќе – се понудивме да бидеме дел од тој процес, но тие не одбија.
ВМРО-ДПМНЕ не може да плати за грешките на некои немудри политичари“, рече Мицкоски.






