Премиерот Христијан Мицкоски со највисоки државни почести го пречека својот српски колега Милош Вучевиќ. Церемонијата се одржа претпладнево на платото пред Владата, каде што по интонирањето на химните на двете држави, Мицкоски и Вучевиќ, оддадоа почит и се поклонија пред државните симболи на земјава.
Вучевиќ со владина делегација денеска е во официјална посета на земјава.
Во рамки на посетата ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на Владата на Македонија и делегацијата на Владата на Република Србија, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика.
Потоа ќе се одржи заедничка прес конференција за медиумите во Владата





