Мицкоски ги соопшти предлозите за кадровски решенија во идната влада

Добив мандат за преговори и за состав на новата влада и тие успешно завршија.Новата Влада ќе биде составена од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движењето Знам – За наша Македонија. При изборот на кадровскиот потенцијал за состав на новат влада се водев од принципите за чесност и посветеност, за да одбереме луѓе кои ќе бидат успешни. Го немаме луксузот „да не се успее“. Во овие луѓе кои ги предлагам, имам голема надеж и заедно не чека многу работа, порача мандатарот Христијан Мицкоски на прес конференција по состаноците во ВМРО-ДПМНЕ за кадровските решенија во идната влада.



Извршниот комитет предложи, а Централниот едногласно одлучи за следните предлози:

  • Вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски
  • Министер за одбрана Владо Мисајловски
  • Министер за финансии Гордана Димитриевска Кочоска
  • Министер за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски
  • Министер за локална самоуправа Златко Перински
  • Mинистер за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски
  • Министер за спорт Борко Ристовски
  • Министер за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска
  • Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски
  • Министер за култура и туризам Зоран Љутков
  • Министер за внатрешни работи Панче Тошковски
  • Министер за образование Весна Јаневска
  • Вицепремиер за политички систем Љупчо Димовски
  • Вицепремиер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ
  • Министер без ресор Шабан Салиу