Гарантирам дека не само што нема да се задолжиме, туку и ќе го намалиме долгот кога овие проекти ќе се реализираат“, рече премиерот Христијан Мицкоски за договорот со Обединетото Кралство.
Мицкоски го оцени договорот како историски момент не само за државата, туку и за регионот, поради, како што рече, силното присуство на еден од водечките светски политички и економски чинители. Тој посочи дека инфраструктурните и енергетските проекти како што се модернизацијата на пругата на Коридорот 10, изградбата на болници, студентски домови и енергетските капацитети Чебрен и Галиште дека конечно ќе се реализираат. .
Премиерот во одговорот се осврна и на обвинувањата на опозицијата дека не бил транспарентен процесот, не се знаело под кои услови ќе се земеле финансиите, што ќе се трошело, како ќе се трошело, зошто така било, дали ќе се случел криминал, за што Мицкоски оцени дека тие „анатеми“ се дел од предизборната политичка сцена.
-Откако Министерството за здравство ќе го информира Министерството за финансии ќе ги заврши проектите за болниците во Штип, Кичево, Тетово, студентскиот дом, здравствениот дом, тоа ќе го информира Министерството за финансии дека сака да ги заврши и ќе замоли да се обезбедат средства. Исто и ЈПМЖ Инфраструктура исто така ќе постапи ќе го информира Министерството за финансии. Министерството за финансии потоа ќе спроведе конкурентен дијалог со финансиските институции во светот, а таа понуда што ќе биде најдобра, таа ќе ја прифатиме. Не значи дека ќе ја прифатиме понудата на финансиската институција со која досега сме разговарале. Ако добиеме подобра финансиска понуда од ЕБОР, или од ЕБРД, или од ЕИБ или кои било банки тие ќе ги прифатиме – објасни премиерот.






