Мицкоски во ОАЕ: Средба со Претседателот Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан за зајакнување на билатералната соработка

Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.



Целта на посетата е зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можности за инвестиции во инфраструктура, агро-бизнис, обновливи извори на енергија, туризам, иновации и нови технологии.

Посетата се реализира на покана на Зајед Ал-Нахјан.