Познатиот адвокат Јанаки Митровски вели дека ги поддржува протестите во Кочани, но не и злоупотреби.
„Иницијативата ‘Кој е следен’ има барање целата документација транспарентно да се објави. Сето тоа звучи супер и секој би го поддржал со еден сериозен проблем- документацијата е дел од истрага, која е тајна што значи во оваа фаза да се објави е кривично дело.
Во ред е во иницијативата ова да не го знаат, затоа и реагирам.
Но, ако и после укажување остане тоа барање тогаш интенцијата е сосема друга- да се тврди дека нешто се крие!
Не така другари и другарки! – препорачува адвокатот.





