Митровски: Кој ќе го суспендира Гаши?

Бројни реакции и ставови се нижат во јавноста по скопскиот аеродром со косовската претседателка, Вјоса Османи. Според адвокатот Јанаки Митровски одговорност треба да има и за собранискиот спикер, оти го прекршил законот:



„Африм Гаши чија Алтернатива пред да стане дел од ВРЕДИ беше на ниво на статистичка грешка, го крши Законот и праќа вооружени битанги да претат на овластени службени лица. Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши? Алтернатива не тежи повеќе од 10.000 гласови, сега е време Мицкоски и Меџити да му ја покажат излезната врата на Гаши и да ве убедат дека над Законот навистина никој не е!“, напиша Митровски на Фејсбук.