„Рамиз Мерко не направи толку штета, раководејќи со општина Струга, за да му се одземе пасошот, колку што направи штета со својот универзитет и со продавањето на дипломите од тој универзитет. Затоа неговиот универзитет треба да се затвори, а не само да му се одземе пасошот!“ – нагласува Рами Мислими, новинар и сопственик на локалниот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“, во својата колумна, која ја пренесе информативната агенција Илирија-ИНА.
Натаму Мисими пишува: Мерко направи најголема штета со својот Универзитет во Струга, давајќи стотици сомнителни дипломи, а денес оние, што ги добија тие дипломи, беа и се се уште на клучни позиции.
Стружани ќе му имаа речено „алал нека му е!“ , ако имал украдено едно десет кубици асфалт, три кубни метри бекатон-коцки, или илјада литри нафта, или ако имал изедено печено месо, вредно десет илјади евра. Ама стружани нема да му речат „алал нека му е“, поради тоа што продавал универзитетски дипломи. Со дипломите од неговиот универзитет, поранешните функционери на ДУИ беа директори, високи функционери, дури имаа и предавано на универзитети, иако никогаш и не ни стапнале во универзитет!
Јас знам некои такви, а вие, што го читате ова, знаете многу повеќе кои се тие со дипломите на Мерко.
Затоа земањето на неговиот пасош не е ништо, а затворањето на неговиот универзитет е сѐ!





