Силвио Мировски го освои вториот златен медал за Македонија на Светското првенство во кибокс за јуниори и кадети во Будимпешта, откако во финалето во дисциплината лоукик, во категоријата до 71 килограми и во конкуренција на постари јуниори го совлада Иван Бородатји од Украина со 2:1.
Претходно Мировски пред крајот на борбите славеше над Мехмет Таха од Турција со прекин во третата рунда и против Атанас Димов од Бугарија со прекин во првата рунда.
Со злато на мундијалот се закити и Марија Димовска меѓу помладите јуниорки во лоукик до 60 кг, а со сребро Лука Змејкоски меѓу помладите јуниори во лоукик над 81 кг.
Трите медали од четворицата учесници на СП ѝ го донесоа 26. место на Македонија меѓу 68 земји што учествуваа на ова натпреварување.





