Миовски му донесе победа и опстанок на Абердин со својот 25. гол сезонава

Бојан Миовски му донесе три бода на Абердин во домашниот дуел со Сент Џонстон, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот на „Питодри“ од разигрувањето за опстанок во шкотскиот фудбалски Премиершип.



Македонскиот напаѓач биеше прецизно од белата точка во 68. минута и стигна до својот 25. гол во сите клупски натпреварувања сезонава, со кој им обезбеди опстанок на „црвените“ три кола до крајот од плејаутот.

Во елитната конкуренција во Шкотска ова за 24-годишниот штипјанец беше 15. погодок сезонава, со кој се израмни на третото место на листата на стрелците со Канаѓанецот Тио Бер од Мадервел, а пред нив се само Шкотланѓанецот Лоренс Шанкланд од Хартс со 21 и Англичанецот Џејмс Таверние од Ренџерс со 17.