Министерот за европски прашања Муртезани од коалицијата Вреди „потсетува“ дека се „потребни уставни измени за преговори со ЕУ“

„За ЕУ се потребни уставни измени. Ќе се реализира ли барањето на коалицијата Вреди за уставни измени по 6 месеци од формирањето на Владата?“ – праша министерот за европски прашања Орхан Муртезани од коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: Министерот за европски прашања Орхан Муртезани смета дека треба да се направат уставните измени, бидејќи без нив Македонија нема да може да ги продолжи преговорите со Европската унија. За сега е нејасно дали ваквата изјава ќе значи инсистирање на коалицијата Вреди, од каде доаѓа Муртезани, да се почитува нивното предизборно барање уставните измени да се донесат во рок од 6 месеци од Владата.

Но Муртезани не беше конкретен каков е ставот на оваа коалиција околу позицијата на премиерот Мицкоски за одложена примена на уставните измени. „Ние во предизборната кампања, зборувам сега како коалиција Вреди, сме нагласиле дека тоа е еден од клучните приоритети. Ова е е влезено во програмата на Владата како приоритет. Ние знаеме дека без решавање на тој спор со Бугарија, односно без уставните измени нема да може да се одблокира пристапот кон Европската Унија.“ – посочи министерот Муртезани.

Тој се осврна и на искористеноста на ИПА-фондовите, наглсувајќи дека дека Македонија има склучено договори само за една третина, според расположливите средства. „Се работи за 258,5 милиони евра од ИПА-фондовите, кои со национално соофинансирање достигнуваат 302,4 милиони евра. Стапката на искористеност е недоволна со само 34 проценти од расположливите средства, покриени со потпишани договори и само исплатени 22 проценти од парите. Ова одразува поширок проблем со неефикасноста, што предизвика губење на значајни пари.“ – изјави Муртезани.

Муртезани најави дека ќе се преземат мерки, за да се подобри способноста околу искористувањето на парите од ЕУ преку ИПА- фондовите. Немањето доволно професионални кадри во целата ИПА-структура е причината за недоволната искористеност на европските фондови.“ – укажа министерот Орхан Муртезани.