Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со коментар на Фејсбук се огласи се огласи по политичките коментари на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски.
Милошоски во објавата вели:
„1. Пендаровски во 2020 зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.
ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!
2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.
3. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!
Милошоски истакна дека Пендаровски во 2020 година тврдеше дека било „ван памет“ да се разговара за промена на Уставот, но подоцна стана главен промотор на промени, што според него, го доведува во прашање неговото кредибилитет.
„Пендаровски во 2020 година го отфрлаше барањето за промена на Уставот, но потоа, како што обично прави, наведна глава пред политичките интереси и се приклучи на промена на Уставот под притисок на други фактори. Таквите непринципиелни ставови се контрадикторни и ги поткопуваат неговите претходни изјави“, изјави Милошоски.
Тој исто така го критикуваше Пендаровски за неговите јавни изјави во кои го оспорува американскиот демократски легитимитет. Милошоски тврди дека Пендаровски нема право да ја оспорува волјата на американските граѓани, а особено не смее да ги напаѓа демократски избраните лидери на САД.
„Пендаровски, ако не може или не сака да помогне на Македонија на меѓународен план, тогаш барем нека не ѝ одмага. Не му треба да ја руши позицијата на земјата. Ако беше искрен во своите обврски, ќе се фокусираше на македонскиот интерес, а не на политички амбиции и споделување ставови со луѓе блиски до Сорос“, додаде Милошоски.
.






