„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалната мрежа X.
Тој по вчерашното прегласување, на социјалната мрежа го објави официјалниот распоред во македонското собрание.
„Избори во Македонија, 120 пратенички места: Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места“, напиша Милошоски.
>






