Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, го коментира денешното проширување на црната листа на САД за Македонија со претседателскиот кандидат и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, како и со шефицата на пропаднатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева.



„Македонците можеби, можеби ќе ја земат сериозно Амбасадата на САД во Македонија кога Стејт департментот на црната листа ќе ги стави овие двајца корумпирани, гнили, одвратни криминалци (Ахмети и Груби – н.з.). Но, не би се обложил на тоа. #Македонија“, реагира на Твитер застапникот на македонските национални интереси од Тусон, Аризона.