Американскиот борец за македонската кауза Џејсон Мико му одговори на „Твитер“ на белгискиот европарламентарец и лидер на Алијанса на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), Ги Ферховштат, за неговата кампања „Јас сум Европеец“.



„Живеам во Гент, Фламанец сум, имам белгиска националност (се мисли на државјанство – н.з.) и #ЈасСумЕвропеец. Никој нема право да ме натера да изберам едно или друго. Дали се чувствувате исто? Дозволете ми да знам на мојата ФБ-страница: goo.gl/ktzRZu“, твитна Ферховштат.

„И Македонците се #Македонци, иако некои Европејци и Американци нема да им дозволат да имаат сопствен идентитет. Таа беше, е и ќе остане #Македонија“, реплицира Мико.

Ферховштат беше премиер на Белгија од 1999 до 2008 година, а од 1985 до 1992 година заменик-премиер и министер за буџет. Од 2009 година е пратеник во Европски парламент, чиј претставник е во преговорите за „Брегзит“. На европските избори во 2014 година беше кандидат на АЛДЕ за претседател на Европска комисија.