Хуманитарните групи велат дека околу 500 луѓе живеат под отворено небо низ цела Србија, избегнувајќи да го регистрираат своето присуство кај  властите од страв дека ќе бидат депортирани во Македонија, а потоа ќе бидат вратени во своите матични земји – главно во Авганистан и Пакистан.



На 26-ти декември, неколку десетици бегалци протестираа во пограничниот премин меѓу Србија и Хрватска во близина на градот Шид со барање да им се дозволи да го продолжат патувањето кон Западна Европа.

Комесарот за бегалци и миграции, Владимир Цуциќ, изјави дека полицијата префрлила група мигранти кои протестирале кај Шид во прифатниот центар кај Бела Паланка и додаде дека се работи за луѓе кои го „користат безвизниот режим и гостопримеството на Србија“.

Полицијата мораше да реагира рече Цуциќ за агенцијата Бета бидејќи протестираа во пограничниот појас, а најмногу од нив се Иранци и помала група Курда, кои тие ги користат како робови.

Тој додаде дека протестот на оваа група мигранти, кој трае од понеделникот, е поддржан од „анархисти и волонтери“.

Тие го злоупотребуваат сето она што го прави Србија, и на тој начин им штетат на оние што го чекаат нивниот ред и им прават проблем“, рече Цуциќ, додавајќи дека „Иранците не сакаат да чекаат на ред“ и дека се во Србија влегле со туристичка виза и не аплицираат за ази, пренесе N1.

Според него, се работи за „флагрантно кршење на безвизниот режим, гостопримството на Србија и сите органи во Србија“, и дека тие луѓе немаат правна основа за да бидат таму.

Повеќе од 4.000 бегалци и мигранти се сместени во кампови обезбедени од државата низ цела Србија.

http://www.rferl.org/a/migrants-cluster-near-serbia-croatia-border-sid-protest-broke-up-police/28942944.html