Македонскиот првак и единствен претставник во Јадранската лига загуби кај Цедевита со 77-65 и остана на две само победи и секако, на последното место во балканската кошаркарска конкуренција. Аеродормци попладнево дозволија серија на домаќинот од 20-3 во периодот од 3 до 10 минута, по што немаше на што да се надеваат при ова тешко гостување од кое, објективно и не можеше кој знае колку да се очекува. МЗТ Скопје потоа и губеше со 17 разлика (55-38), но и се приближи на само пет (60-55), но се беше загубено рано во овој меч од 10 коло во регионалнанта лига. Најдобри кај нас беа новаците Павличевиќ и Спасојевиќ со 18 односно 14 поени.
Во следната рунда, а тоа е на 10 декември МЗТ Скопје го дочекува Морнар и сака ли да опстане во лигата ќе мора да ја прекине црната низа од шест порази.




