МЗТ Скопје загуби и во Белград кај Партизан со 112-94 со што серијата црна, поцрна да не може да биде продолжи и се оддолжи на 8 натпревари во Јадранската лига. На крајот и покрај премногуте примени кошеви ова е и пристоен пораз со оглед на тоа како беше на полувреме. Имено нашиот првак по 20 минути губеше со 69-42. Вистински распад, срам, блам и тоа во ситуација кога Партизан игра една од послабите сезони во својата историја во која тргна со пораз токму од сините во Јане Сандански. МЗТ Скопје останува последен во Јадранската лига со забелешка дека по ова 12 коло може да има заостаток од три победи зад претпоследниот. Но тоа ќе го видиме по завршувањето на оваа рунда.