„Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на Владата за добро владеење, а коалицијата за министер за здравство ќе го предложи Азир Алиу.“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити од редовите на Вреди пред почетокот на нејзиниот состанок. Ова го објави ТВ 21.
Натаму телевизијата истакнува: „Во раководството на Вреди е усвоено дека Арбен Фетаи останува заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека како нов министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу. За другите позиции ќе се одлучува во наредните денови.“ – посочи Изет Меџити.
По заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од коалицијата Вреди сопартијците на Арбен Таравари, како што се Фетаи и Азир Алиу, останаа како дел од коалицијата Вреди.






