Првиот вицепремиер Изет Меџити за време на посетата на САД се сретна со американскиот пензиониран генерал Весли К. Кларк, кој како командант на сојузничките сили на НАТО во Европа од 1997 до 2000 година раководеше со бомбардирањето на тогашна СР Југославија во 1999 година.
„За време на мојата посета на САД ми беше задоволство да се сретнам со генералот Весли Кларк.
Разговорите со поранешниот командант на силите на НАТО, како и секогаш, се многу плодни и носат извонредни искуства.
Разговаравме за фактот дека безбедноста и мирот се тесно поврзани со меѓународната соработка, но пред сè и со економските случувања.
Се осврнавме и на неговиот извонреден придонес за мирот, а особено за тој во регионот. Пред сè, се зборуваше и за континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави и НАТО-алијансата што ѝ ја даваат на нашата земја на патот на евроатлантските процеси, пат кој несомнено е еден од нашите главни приоритети.
Генерале, ти си жив херој за нас, ти благодарам за пречекот и за вредниот разговор!“, објави Меџити на Фејсбук.





