Меџити: Пред една година луѓето живееја во страв и несигурност, оти власта го контролираше целото општество, но го скршивме стравот!

Пред една година многу работи изгледаа неможни и неостварливи, луѓето живееја во страв и несигурност, бидејќи партијата, власта ја контролираше секоја пора на општеството. Но, го скршивме стравот. Многумина нè гледаа со сомничавост и недоверба пред една година кога решивме да направиме своја куќа и да не продолжиме да нè третираат како номад, бездомник во старата куќа, за која ги потрошивме најубавите години, за да ја изградиме. Но, денес, една година подоцна, ние сме консолидирани и распространети на целата територија на државата.“ – кажа Изет Меџити, првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, на денешното одбележување на првата годишнина од формирањето на неговата партија, која е дел од коалицијата Вреди. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.