„Тие се заедно како Европски фронт, но не заради некоја европска вредност, или за некоја идеологија, туку целта им беше да се бидат на власт по секоја цена. Во моментот кога немаат власт, не постои ништо, што ги држи заедно. Не беа дестабилизирани ниту државата, ниту владата, туку беше дестабилизиран Европскиот фронт. Ова е само почеток на нивниот крај.“ – нагласи вицепремиерот Меџити во одговор на прашањето во врска со заминувањето на Мендух Тачи, лидерот на ДПА, од редовите на Европскиот фронт. При тоа, Меџити дополни дека нив не ги споија ниту идеологијата, ниту минатото. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Во веста „Лајм“ дополнува: При претставувањето на постигнатото за првите 100 дена од Владата нејзиниот потпретседател Изет Меџити истакна и дека претставниците на Европскиот фронт не се научени да бидат во опозиција и оти по секоја цена сакаат да бидат на власт.






