Меџити: Немало и нема да има влада без Албанци – Нема ниедна друга албанска партија, што може да коалицира со ВМРО ДПМНЕ

„Немало и нема да има влада без Албанци.“ – изјави првиот потпретседател на Владата Изет Меџити во најновото издание на емисијата „Трилинг“, додавајќи дека нема ниедна друга албанска партија, што може да прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



ИНА ги пренесува нагласките од искажувањата на Меџити во оваа емисија: На прашањето за спорот со ЗНАМ, партијата од коалицијата, Меџити одговори дека е полесно и пологично дека може да функционира коалицијата ВМРО ДПМНЕ-Вреди, одошто ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ, бидејќи немало и нема да има влада без Албанци.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Вреди има сериозен и отворен пристап, водејќи се од стремежите поставени на почетокот: борба против корупцијата, владеење на правото, економски развој и децентрализација.

Според него, партијата ЗНАМ игра со националистичката карта и се однесува на ваков начин од нејасни причини. „Тие излегоа од СДСМ и до вчера се бореа за граѓанскиот концепт.“ – рече Изет Меџити.