„На Албанците од * Македонија им требаат и владата на Косово и владата на Албанија, им требаат албанските институции и дипломатија. Бараме соработка и помош од албанската држава, бидејќи нејзиниот устав ја обврзува и нејзината влада да се грижи за Албанците, кои се надвор од земјата. Инициравме да имаме набргу заедничка средба и со албанската влада. Меѓу нас, Албанците, може да имаме разлики во идеологијата, во текот на една кампања, но во националните политики немаме разлики. Албанците од * Македонија треба да се насочат кон националните интереси и да избегнуваат меѓусебни поделби.“ – изјави Изет Меџити, потпретседател на Владата на Македонија и лидер на партијата Демократско движење, од коалицијата Вреди, во интервју за РТВ Клан, од кое нагласки пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Порталот објави: Првиот потпретседател на Владата на * Македонија Изет Меџити во интервју за РТВ Клан ја истакна важноста на соработката и избегнувањето на идеолошките поделби меѓу Албанците во земјата. Тој ги повика Албанците од * Македонија да се насочат кон националните интереси и да избегнуваат поделби кои, според него, се луксуз, со кој не можат да се соочат.
„Меѓу нас има разлики, но тие се во текот на кампањата. Албанците од * Македонија треба да бидат поштедени од оваа поделба. Го немаме тоа удопство да правиме идеолошки поделби, леви или десни. На Албанците од * Македонија им требаат и владата на Косово и владата на Албанија, им требаат албанските институции и дипломатија. Тука треба да не поштедат од политиката и идеологијата. Ние сме подалеку од левицата, или десницата.“ – изјави Меџити.
Тој ја нагласи важноста на поддршката од Албанија, при што спомена дека албанскиот устав ја обврзува нејзината влада да се грижи за Албанците надвор од границите. „Тука сме да побараме соработка и помош од албанската држава, бидејќи нејзиниот устав ја обврзува и нејзината влада да се грижи за Албанците, кои се надвор од земјата.“ – посочи Меџити во интервјуто.
Тој додаде дека односите со премиерот на Албанија Еди Рама се консолидирани и истакна дека вклучувањето во новата политичка реалност во * Македонија е здрав знак за демократијата. „Заврши тоа што беше кампања. Имаме консолидирани односи со Рама. Во Р*М има нова реалност и тоа е позитивно. Здраво е за демократските промени да има промена. Не е логично една партија да остане во власта повеќе од 20 години во вистинските демократии. Можеби имаме разлики во идеологијата, но немаме разлики во националните политики. Од овде велам дека инициравме да имаме набргу заедничка средба и со албанската влада.“ – изјави Изет Меџити.





