Меџити: Напорите на опозицијата да инсценира криза на незадоволство ќе наидат на „глуви уши“!

„Напорите на опозицијата да инсценира криза на незадоволство ќе наидат на ‘глуви уши’. Претходниот режим ги фрла последните клоци пред неговото целосно уривање. Нема да има амнестија за политичката корупција,т уку ќе има одговорност за содејството на криминалот со политиката.“ – нагласи Изет Меџити, вицепремиерот на Владата и министер за екологија, но и лидер на Демократското движење, членка на коалицијата Вреди, на одбележувањето на првата годишнина од формирањето на неговата партија. Ставовите на Изет Меџити ги објави ТВ 21.



Во таа пригода, Меџити истакна: Пред една година политичката промена изгледаше како утопија. Партиската инфраструктура беше воспоставена низ институциите. Обвинителството, судството беа подложени на партиските наредби. Медиумското царство беше составено од фиктивни портали со штабови во министерствата за пропаганда. Малкумина даваа надеж дека е можна промена. Но, денес, една година подоцна, демократијата е воспоставена повторно, а режимот ги фрла последните клоци пред неговото целосно уривање.

Само два месеца по формирањето на Владата почнаа промените, а ова ѝ пречи на старата клика. Тоа ѝ пречи, бидејќи нема да има амнестија за политичката корупција. Ѝ пречи, зашто ќе има одговорност за содејството на на криминалот со политиката. Ѝ пречи на старата клика, затоа што ќе има непристрасна истрага за секој голем, инфраструктурен проект, за кој се платени големи провизии. Ѝ пречи, оти царството на коцката почна да се урива. Ѝ пречи, бидејќи ќе се разоткрие измамата на на народот, што ја правеа 20 години. Европеизацијата на општеството е веќе започната и нема кој да ја спречи.