„Нема идеален закон за правично и соодветно застапување. ДУИ не го донесе 22 години.“ – реагираше вицепремиерот Изет Меџити на критиките од универзитетскиот професор Мерсим Максути, кој изрази незадоволство поради конечната верзија на законот за правична и соодветна застапеност. Максути, кој беше дел од работната група за изготвување на овој закон, нагласи дека неговите предлози не биле земени предвид. Ова го објави ТВ Шења.
Телевизијата истакнува: Меџити подвлече дека усвојувањето на овој закон е голем чекор по три децении непостоење таква законска рамка. Меџити спомена дека и Максути нагласил оти во текот на 22 години, колку што била на власт, ДУИ не успеала да донесе таков закон.
„Мора да нагласиме дека 30 години нема таков закон. Ова го кажа и Мерсим Максути, кој рече дека ДУИ имала можност 22 години да донесе закон, а не го донела. Нема идеален закон, а коментарите се добредојдени, бидејќи законот ја поминал владината процедура, мора да оди во Венецијанската комисија, ќе се врати во парламентот и може да го направи законот подобар.“ – изјави Меџити.







