Меџити: Коректни односи со ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски! – Не се надминати судирите со Максим и ЗНАМ, се прават националисти!
„Коалицијата Вреди има коректни односи во владата со партијата на премиерот Мицкоски. Постојат моменти кога имаме различни мислења, но имаме и капацитети да ги надминеме овие ситуации. Коректен е ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски, големиот партнер на коалицијата. Имаше некои судири, кои не сме ги надминале се уште со ЗНАМ, која е левичарска партија, но се обидува да игра националистичка улога, што не и одговара.“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди, во интервјуто за весникот на албански јазик „Лајм“.



