Меџити и Фетаи со честитка до Рама, поради „историскиот чекор на албанскиот народ за остварување на стремежите кон ЕУ“

„Вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи упатија срдечно писмо со срдечна честитка до премиерот на Албанија Еди Рама, по повод отворањето на преговорите за зачленување на Албанија во Европската унија. Во нивната честитка тие го означија овој момент како „историски и одлучувачки чекор кон остварување на европските аспирации на албанскиот народ“ и ја пофалија посветеноста на Албанија за неопходните реформи, што го овозможија ова важно достигнување.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „Албанија кон ЕУ: Меџити и Фетаи со братска честитка до Еди Рама“.



Натаму „Лајм“ пишува Во меѓувреме, Меџити и Фетаи го изразија своето жалење, поради то што * Македонија и Албанија се привремено одвоени во нивното евроинтегративно патување. Но тие изразија уверување дека овие две земји ќе се обединат наскоро повторно во овој важен процес.

„Ја потврдуваме повторно нашата посветеност да се изнајде паметно решение за прашањата, што го попречуваат почетокот на преговорите на * Македонија“ – посочуваат тие, нагласувајќи ја перспективата за побезбедна и попросперитетна иднина за регионот.