Лидерот на Демократското движење и прв вицепремиер Изет Меџити преку објава на фејсбук објави дека „денес започнува уривањето на царството на коцката“. Тој се повикува на одлуката за одземање лиценци на две компании за организирање игри на среќа. Ова го објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Денес започнува уривање на коцкарското царство, изградено во нашето општество од претходната власт. Со одземањето на лиценците од две компании и со забраната да организираат игри на среќа новата Влада денеска започнува со реализација на ветувањето дека ќе го тргнеме коцкањето од нашите домови, од семејствата, од нашите деца!“
„Лотаријата стана денес синоним за корупција и перење пари на руско-српско-бугарското подземје преку масовното отворање казина, игри на среќа и обложувалници. Оваа болест не е лесно да се отстрани. Но, од денеска ќе се бориме преку институциите и преку законите. Тоа ни е должност и обврска пред нашите родители, пред нашите деца, пред нашето општество.“ – истакна во објавата на својот фејсбук-профил Изет Меџити.
Инаку, министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриевска најави дека постапката за одземање лиценци е во Владата, нагласувајќи дека двете компании, за кои станува, збор немаат платено давачки и даноци на персоналниот доход од исплатената добивка.





